УСЛУГИ И ОБЛАСТИ НА СПЕЦИЈАЛНОСТ
Адвокатската Канцеларија Станковски и Марковиќ е водечко друштво во повеќето области на правната практика. Фокусот на нашето работење и услуги се насочени кон:
Oпшти консултации, совети и правни мислења;
Застапување на правни и физички лица пред граѓански, стопански и управен суд во Република Македонија;
Правна длабинска анализа на компании и изготвување на правна експертиза-консалтинг при приватизација и купување;
Пронаоѓање на можности за инвестирање во Република Македонија;
Корпоративно право, Облигационо право и изготвување на сите видови договори и Договорно право;
Финансиско право, Банкарско право и Даноци;
Штети;
Право на друштва (основање, промени во друштвото, ликвидација и стечај);
Спојувања и превземања;
Имотно - правни односи (неисполнување на договори, спорови за недвижности, спорови кои произлегуваат од договори за доживотна издршка, тестаменти, подароци и легати, распределба на имотот за време на живот и сл.);
Арбитража;
Лизинг и Осигурување;
Странски инвестиции;
Телекомуникации и медиуми;
Енергетика и инфраструктура;
Недвижности;
Заштита на индустриската сопственост и авторските права, Интелектуална сопственост и Заштита на конкуренција;
Концесии;
Семејно право (односи во бракот и семејството, развод на брак, издршка и родителски права);
Работни односи (права на вработените, откази, надомести, спорови во врска со престанок на работен однос);
Кривични дела.
Нашата Адвокатска Канцеларија е исто така во соработка со друштва и консултанти од широк спектар на професии. Во зависност од обемот и сложеноста на случајот, вклучува надворешни експертски соработници.
За потребите на нашите странски клиенти обезбедуваме комплетни правни услуги на англиски, српски, хрватски и бугарски јазик.